врз (предл.) - гледач (имн.)

Ворхоловите јунаци, во конвенционална смисла социјално и сексуално девијантни отпадници, дури и впечатливи од пуританско гледиште, се прикажани среде сопствениот свет и среде сопствениот контекст, каде нивната девијантност изгледа сосема обична, прифатена, вообичаена, природна и лишена од каква било афектација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Осветлувањето, изразите на лицата, гласовните промени, музиката, аглите на кадрирањето и визуелната реторика на класичната кинематографија на холивудскиот филм ноар [црна серија] значително повеќе придонесуваат кон ефектот на филмот врз гледачот отколку самиот текст и редакцијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бидејќи самиот автор е интегрален дел од тој свет, тој не се однесува сензационалистички кон нив, туку ги при­фаќа такви какви што се, и тоа сугестивно го пренесува и врз гледачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)