Црвен коњ како црвена луња светка на месечината. `Ржи, трча низ ноќта околу стожерот, Скока врз згаснатото сонце на ожнеаното класје И жестоко го втиснува со копитата датумот на јули врз огнот на заспаните љубовници.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Молчењето се ширеше како стишно веленце врз главите и врз огновите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)