врз (предл.) - плеќи (имн.)

Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ДИМИТРИЈА: Твојата кариера стави си ја ти во газот,а мојата скапана куќа остави ми ја да ми се сруши врз плеќите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Трепериш како булка на мајско ветре се тетеравиш од годините врз плеќи молчиш како икона нацртана од крвој се виориш како барјак исткаен од светлина
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
До тогаш имаше повеќе од еден месец, но обемните и сложени подготовки што ги бараше таа, наметнаа дополнителна работа врз плеќите на сите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)