Но, наместо само врз работодавачот, со новиот и актуелен закон, е предвидено со ваква казна паралелно да се казни и одговорното лице кај работодавецот 19.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Новините кои ги содржи новиот закон, vis-à-vis стариот, се следниве: 19 1) воведување драстични промени кај стварната и месната надлежност за постапувањето по барањето за извршување [по- рано беше „предлог за извршување“] кај т.н. Reintegratio: имено, по однос на извршна исправа, според која работодавачот е должен да го врати работникот на работа или, пак, одново да му ги довери работите односно работните задачи што тој ги вршел порано – на- место државен правосуден орган, односно судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на правното лице (чл. 223, ЗИП-ка/97), од 2005- та надлежен е извршител како лице со јавни овластувања – и тоа само еден од повеќето извршители кои се именувани за подрачјето на конкретниот основен суд, чијшто извршни исправи, всушност, тој и присилно ги извршува. 2) нов момент при начинот на спроведување на извршувањето: доколку неуспешно е изминат парициониот рок, којшто судот му го дал на работодавачот за да го реинтегрира работникот во процесот на редовна работа, тогаш „враќањето“ на работа се спроведува по пат на изрекување парична казна – и тоа по принципот на идно т.н. пропорционално зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
11 11 Иако заради осигурување на правото на заштита од дискриминација, законодавецот предвидел дека товарот на докажување, при поведување на работен спор од страна на работникот, дека немало дискриминација паѓа врз работодавачот, сепак постои јасна дискрепанца во легислативата помеѓу судската и вонсудската заштита од дискриминација.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)