На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Масада 73 Света трпеза пред пештерите во камењарот над Мртвото Море послана со ленени простирки и со безброј земјени паници полни со плодови риби вино и исушен леб И птици поседнати на трпезата и исушени костури на востаници и мајки деца старци наоколу кои опколени од римските легиони немале друг избор освен до последниот да изумрат но да не се предадат
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)