Х.Х., кој како да чита мисли ми вели дека постоеле проекти врз големи платформи, како за вадење нафта од морското дно, да се постават специјални бункери, ама засега тоа е во фаза на проучување и собирање потребни средства.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сто школски табли се испишани за време на Бојсовото четиринеделно предавање (8 часа дневно) за време на Лондонската ICA изложба „Уметноста во општеството - општеството во уметноста”, - се изложени врз голема крената дрвена платформа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Маргина“ (= Темплум) е паразит врз големото тело на Сорос- чудовиштето кое (питомо, неспретно, чудесновишно, промислено, обои по желба) чекори кон некаква си идеалистичка анаформоза од утопија, гибсоновски наречена дистопија или бодријаровски: скиомахија (борба со сенка).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во подрумчето од дрвениот ковчег што остана зад старците ги побараа пљачките на трите внучиња, испрани и убаво здиплени и како што ги вадеа, ги рашируваа, ги прегледуваа и по истата шарка пак ги диплеа и ги редеа врз големиот сандак на Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По сакмата и капата го позна татка си свиткан врз големиот камен од портата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)