Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Рута што ги собираше зрнцата зад оние што ги собираа сноповите на жетварите. Нејзниот црвен глас како портокал врз изгорените усни.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Бојата на изгорените цветови попреку и гласот на перачките нагоре прават крст што сени врз изгореното поле.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)