- Карпа! - простенкува тој. Ја остава батериската ламба до себеси, го грабнува чеканот и зафаќа лудо да удира во каменот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На Пецета му дојде да спрсне да бега, но брадјосаниот го џапна за рака и го седна на гуњата до себеси сѐ држејќи го со едната рака поклопен.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тој ја сврте главата и се зачуди кога го виде до себеси испиениот дајреџија со искрпено старо џубе и маслосана, од обична овча кожа сошиена капа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Едно време рече дека нема среќа, дека можеби јас имам и ми направи место до себеси.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
И ставајќи го лончето на решото ја сети до себеси неа. Нозете му се подкосија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)