Ако сака господ, годинава едно, до година две, три, пет, ќе се намножат и женски деца и еве ти во Витолишча и даскалица.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Му одаде Павле достојно признание на палтото и ѝ кажа на жената да не го става в орман - отсега ќе го носи само покуќи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
До година бездруго... па што сакаш, секој ден само со него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Баба Маре парите од оваа сезона ќе ги вложи во патос и пенџериња и до година: „Како хотел ќе биде куќата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога ќе се изнапиеја луѓето, кога ќе се џамосаа и ќе ги изнаредеа сите молитви што во умот им доаѓаа за ајваните, ветеринарот Скрез ќе се размавташе со рацете удирајќи се в гради: „Жими сѐ најмило, жими бикот, до година ќе воведам два празника за ајваните...“ „Три да воведеш... Три...” му велеше Лоте.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
До година, штом јакиот студ ќе ја запре палавата лапавица и штом по соголените гранки јануари ќе го обележи својот пат со остри кристали од мраз, на ајдучката глутница ќе ѝ се придружат уште четири млади волци, ќе вијат по снежната пустелија, и кога ќе навлезат в трло, ќе ги исколат овците и со замрзната крв на своите муцки ќе се нурнат во маглите на планината.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека млади невеста, младоженци не се причестуваат до годината, оти „не се чисти“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)