Трети бора на Трибор први го поздравија со своите подароци, а росата што беше на нив пополека се слизгаше од гранка на гранка за да слезе по стебло дури до корен и се скрие на жилите на борот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ја погали, со треперлива рака, Руса по лицето и дури откако ја прекрсти со врвот од ножот што го сокриваше во ракавот на левата, од долниот раб на нејзиното лево око преку усните, меки и набабрени, до коренот на брадата направи секотина; веднаш потоа направи уште една таква на другиот образ и на истото место.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Неговата зачуденост удри на крстост на каква не беше свикнат во канцеларијата со опор мирис на нешто непознато од што душникот му се сушеше до корен. „Јас сакав само да јадам“ , рече Отец Симеон. „Сфаќаш ли - леб? Само леб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Гласот му беше рапав и ноќен, изѕемнат до корен. Најверојатно прашуваше дали барам нешто од нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Најде голем и цврст стап на патеката, го крена, го изгледа и удри неколку пати по тревата лево и десно од патчето да види дали ќе се скрши, не, не се скрши, ама тревата ја сечеше како срп сѐ до коренот и така, удирајќи лево и десно по патчето, загледувајќи се по крошните на дрвјата од каде летнуваа куп птици преплашени од мавтањето на стапот, туку одеднаш се најде на една ширинка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Реко од маглине, од ‘рбетот планински, Реко; ножу студен во грлото на пладнето, на белиот камен качена како на бел трон небото ти го врзува дното од корен до корен.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Човекот во градот заедно со овие кози беше поблиску до корените на животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се привлече уште повеќе и клекна. Зајачето се долепи до коренот на глогот. Ушите му се слепија до грбот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)