Веќе до мостот се насобравме едночудо луѓе, така што си се најдоа жени со жени и мажи со мажи, како кому му одеше муабетот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Беа жешки летни денови, но свежи ноќи. Кога се потпре со грбот на каменот, почувствува дека е уште топол од дневната горештина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Шеташе со погледот од Туз-пазар па сѐ до мостот, но џигерот му гореше, така чувствуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој велеше дека тоа сега не е добро; велеше дека е решен да му се предаде на Бога и дека такви искушенија не му се потребни; потем повторно одевме, тој погледнуваше на часовникот, и брзаше; многу бргу стигнавме до мостот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но, пределот не можеше да се припие до мостот, ниту мостот до пределот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)