Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Бојаџијата не беше сигурен дали го разбудиле чекорите на студентот или крцкањето на вратата, но кога ги отворил очите и наближил до прозорчето Ѓошо Савев веќе бил на полјанката омеѓена со карпи што се спуштале дури до поројот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ама, полека, полека, навикнаа на плачењето и кога се принаближија до прозорчињата, пееја без грешка.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)