И така, до рани зори, до точка и запирка Рада ги прочита сите четириесет и четири писма.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, жената била потполно зашеметена од неговиот одговор, речиси до точка на хипнотизираност. 64 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Мнозината луѓе, до одредена граница, се во хипнотичка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Нешто во неа веруваше дека е така, го знаев тоа по некоја нишка среде испреплетената истоштеност на нејзиниот глас, по невидливиот зрак отаде болката во нејзините очи; но мене тие зборови, кои во своите мисли ги изговарав со нејзиниот глас, сепак ми се враќаа со некакво подмолно, потсмешливо ехо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Она што ќе превладее е таа волја за редуцирање на светот до точка во која Еден може да го има.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таа лежеше таму, и нешто во неа веруваше дека времето не е само бескрајно самоуништување, дека универзумот, сиот тој простор што се протега околу нас до точката непоимлива за нас, не е само една огромна касапница.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)