За разлика од бомбата наменета за гимназијалците, во меѓуетничкиот конфликт на почетокот од милениумот, оваа бомба не остави последици од типот на починат просјак (кој скапо го плати пребарувањето по училишниот контејнер) и осакатена продавачка (која малку поевтино ја плати близината на пренхранбената продавница до училиштето).
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Денот беше широко отворен над селото и од селото излегуваа миризби од зовриен грав, од запалени буништа што смрдеа дури долу, до училиштето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја мразеше целата негова гардероба, посебно сината со пердуви исполнета јакна која Дејв ја имаше со години и ја носеше зимно време кога наутро го префрлаше Ренди до училиштето.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Денот помина вообичаено, со кафе, појадок и ручек, и со долги разговори на Пела со Мурџо во кои таа му кажуваше како стигнале до училиштето, за големиот број на дечиња како неа сите фатени за рацете од мајките и за големата училница со три реда клупи и во секоја клупа по две дечиња, Учителката убава убава убава, ти велам, и гласот мек, топол, како на баба Перса и на мама Пелагија, а мене ми личи на Богородица од црквата преку големата река!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)