Првиот е неговата оддалечена, пасивна режија, потоа, во директна смисла, честиот избор на сексуалноста како тема за неговите филмови, што може да се нарече и ладен воајеризам, бидејќи тие не се правени за да индуцираат сексуално возбудување, туку како ладни записи на разни, девијантни видови сексуалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во согласност со трендот на растечките сексуални слободи, Ворхол од бакнувањето (Kiss) преку голотијата (Sleep, 1963., шесточасовна снимка на гол маж кој спие, Haircut, 1963, каде за момент се гледаат машки гениталии и доцните Nude restaurant и Lonesome cowboys, 1967, каде што се јавуваат голи протагонисти), отиде до дегутантна скатологија во склад со општата тенденција на рушење на табуата (најдалеку во The loves of Ondine, 1967) и до самото порно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)