Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Наивно, нели? Наивно, до немајкаде.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А на дедо Геро беше лут до немајкаде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ветерот ги издува испарините и замаглините и видик се отвори до немајкаде.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Убаво изгледаше масата со писатели распеани до немајкаде.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Преминавме во друг, поубав ресторан - исто така; во трет - исто така: се натрескавме до немајкаде.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Дедо, неговата жена, синот единец, а и некои од соседите, на лето, снагата си ја абеле до немајкаде кинејќи го, а потоа и нижејќи го.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Тие веќе воопшто не можеа да мислат, да гледаат, беа изгубени до немајкаде, заслепени.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)