за (предл.) - век (имн.)

Не треба никогаш да се избрзува, деновите во мислењето треба да се сметаат за недели, неделите за месеци, месеците за години, годините за векови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Река од солзи се сли во морето. За века.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И палатата на господин Ристиќ на плоштад, која ни се чини непроменлива, цврста и изградена за век и веков, еден ден ќе ја снема како никогаш да не била таму.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Да ми бидите среќни и радосни за век и веков мили мои!“ и продолжи понатаму, додека Томаица и Петар со поклон и благодарност го поздравија и продолжија бавно да чекорат кон битолското корзо и нивната заедничка иднина која ќе трае уште повеќе од половина век.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За вековите на капитализмот се сметаше дека не создале ништо од вредност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)