Овие два лингво-интелектуални Дон Кихоти, како што вели нараторот, имаат своја цел: нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книгите замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесувањето на погрешните идеи, често накалемувани за во иднина кај народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како и Хермоген и Кратил, кои во дијалогот Кратил расправаа за вистинитоста на зборовите, односно дали тие навистина ја репрезентираат суштината на нештата што ги означуваат, нашите ликови, балкански Хермоген и Кратил, расправаат за вистинитоста на балканските јазици и дали тие вистинито го одразуваат она што го означуваат културниот и националниот идентитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Идејата на двата лика да направат мал речник на турцизми кои трајно ја запечатиле трагичната судбина на балканските народи, влијаејќи на нивниот менталитет, иако наликува на наивизмот со кој навидум Хермоген и Кратил кај Сократ расправаат за вистинитоста на имињата, станува магистрална филозофска идеја на овој одличен роман.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со тоа, овој роман станува и роман- речник на балканското проклетство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа е борба за вистинитоста на нештата на повисоко рамниште, без оглед на фактичката состојба.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штом заврши со приказката, Караѓоз уште еднаш се прекрсти, ја подголтна плунката, си ги подзабриша очите, испушти длабока издишка, како печат за вистинитоста на приказната.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Аплаузот, всушност, е и единствениот доказ за вистинитоста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но тој лично верува дека ваквиот суд не може да се однесува за вистинитоста и за значењето на зборовите забележани од спомнатиот монах.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само едно: дека треба да се наоѓаме на пристојна раздалеченост од објектот за да можеме да се залагаме за вистинитоста на она што го тврдиме!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)