Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги научи за три дни, и беше задоволен многу, оти писмото беше едноставно и специјално срочено за владетел.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Отец Стефан истапи чекор понапред, погледна во Филозофот со нескриен жар во очите, оти жеден беше за слава и пофалба, па прослови: „Ноќта откако логотетот ми издаде заповед и замина на спиење, јас влегов во храмот; калем зедов и книга, и црвило, и до полноќ се обидував да смислам писмо ново, букви подобни за владетелот наш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)