Таа ласкава слика за геј- културата – на гејството како култура – не е сосема нова, иако нејзиниот пробив во ткивото на примените идеи што го сочинуваат здравиот разум на стрејт- општеството е релативно скорешен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Книгава нема за цел да се натпреварува, на пример, со книгата на Џоел Дерфнер Женче: Мојот поход да станам најгеј- човекот на сите времиња и што стана наместо тоа; со книгата на Доналд Ројтер Гејдар36: Врховен инсајдерски водич за шестото геј- сетило; со книгата на Кети Криминс: Како хомосексуалците ја спасија цивилизацијата: вистинската и јуначка приказна за тоа како геј- мажите го обликуваа современиот свет; со книгата на Кевин Дилало: Неслужбен геј- прирачник; со онаа на Џуди Картер: Хомоприрачник: како да стапиш во контакт со сопственото внатрешно хомо: водич за опстанок за лезбејки и за геј- мажи; со онаа на Френк Браунинг: Културата на желбата: парадоксот и перверзноста во геј- животите денес; со онаа на Даниел Харис: Подемот и падот на геј- културата; со онаа на Берт Арчер: Крајот на геј и смртта на хетеросексуалноста; или дури и со веќе класичниот преглед на Мајкл Бронски: Судир на култури: создавањето на геј- сензибилитетот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така е особено ако исказот, наместо левтерно да се нафрли со зналско намигнување, се изнесува со сета сериозност на сеопфатна генерализација за геј- мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како некој да зел да направи римејк на ‘Филмското хорор-шоу на Роки’ (The Rocky Horror Picture Show) како општокорисен видеооглас за бесплатно емитување, со Харви Фаерстин или Ден Севиџ во улогата на Френк-Н-Фартер“.136
Гага, накратко, едноставно згрешила околу природата на она привлечното за гејовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што е тоа што таквиот пристап може да ни го каже за сентименталните, за афективните или за естетските димензии на геј- идентитетот, вклучително и за геј- сексуалноста, а што не може да ни го каже некоја исклучива загледаност во геј- сексуалноста?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)