- Приказни! Приказни... Земена е изјава од настраданиот. Инаку, од каде ќе го имавме тој податок за гласот на неговата жена.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Земјоделци, служители на Деметра баш така шепотеа за гласот зол, а жените, штом чуја, писнаа од силна мака и коси корнеа од бол.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сѐ се одвива како западниот поим за говорот (во она што, отаде неговата повеќезначност и тесната и проблематична спротиставеност на зборот и на јазикот, го врзува главно за фонематската или глосематската продукција, за јазикот, за гласот, за слухот, за звукот и здивот, за зборот) денес да се открива како маскирање на едно првично писмо5: пофундаментално од она кое, пред ова пресвртување, се сметаше за прост „додаток на зборот“ (Русо). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 51
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Би било интересно во рамките на ова тврдење да се компарираат видувањата за гласовите, барем за оние гласови, за кои и Рембо и Хелбников и Маркус се произнесуваат.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Движењето беше апсолутно нужно, а таа нужност не може да се појави пред ниедна друга инстанца, со цел да биде просудена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мислам, ако веќе некој нешто измислува, тоа може да го потврди токму тој, самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)