за (предл.) - дожд (имн.)

Носталгичен призвук мантилот за дожд стекна кон крајот на педесетите во филмот Казабланка, како особен знак на машкиот карактер на големата ѕвезда Хемфри Богарт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но многу од луѓето зажалија за дождовите, зашто никогаш така во животот не се изнаспале.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И тогаш удри дождот. Господе, си мислам, ова дека секнаа очите мои, ова дека немам повеќе солзи, си мислам за дождот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еволуирајќи од некој вид на продолжено сако до иконичкиот знак на тренчкот, дождовниот мантил дури во средината на педесетите влезе во мода.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На прагот стои Борис во мантил за дожд. Полупијан. Зачудено гледа по станот, Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Една од клучните архетипски фигури на поп митологијата, КАУБОЕЦОТ, носел токму такви пантолони.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Носењето на burbery мантилот е одлика на стилот на повисоката средна класа, свесна за длабинското значење на креирањето на поп универзумот. Levi’s Панталоните од груба ткаенина која тешко се кине беа незаобиколен дел од гардеробата на американскиот Див Запад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)