Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сѐ на сѐ мене ми преостануваше уште само да се соочам со вистината дека ѕвездите за жал не ми беа наклонети; дека, Катерина, дури и да не спие, и најлудо да тропам нема да слушне и нема да ми отвори поради она лудо ревење на добитокот од месарницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)