62 Во периодот до 2010 година дојде до намалување на правата на странските работници во следниве сегменти: беа воведени квоти за работни дозволи за засновање на работен однос со странец; се ограничи правото странските работници сами да поднесат барање за засновање на работен однос; беа утврдени приоритети при издавањето на работните дозволи, а дојде и до значително намалување на казните кои ги предвидува овој закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со законот се ограничи и правото на странците самите да поднесат барање за засновање на работен однос.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година воведена е постапката за помирување како начин за наплата на паричните казни (чл. 6, ЗИДЗЕОТ/08) и се укинува поднесувањето пријава за засновање на работен однос во случајот на приправниците (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2. Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и работа на странци, Сл. весник на РМ, 5/09. 3. Закон за условите за засновање работен однос со странски државјанин, Сл. лист на СФРЈ, 11/78 и 64/89. 111 Како позитивни промени може да се истакнат: овозможувањето самовработување на странците во РМ, воведувањето на антидискриминаторни одредби, мерки за заштита на домашната работна сила и право на работен однос на азиланти, бегалци и жртви на трговија со луѓе, како и пропишувањето на обврска за обезбедување на минимални права за работно време, одмор, плата, безбедност при работа за странските работници.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)