Работната чета на Џулија во Одделот за проза беше ослободена од производството на романи и сега брзо лиферуваше серија памфлети за злосторства.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Обвинети за злосторство над шеснаесетмина, за грабеж и за сокривање на оружје, шеснаесетмина несудени воденичари биле осудени на бесење, другите неколцина ги одвлекле стии без трага и без глас: судот ги казнил на сто и една година робија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така било: несреќата завиткала во црно над четириесет куќи а од плачењето на проретченото Кукулино и небото трепетело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Планинските врвови во морето и над него
средоземниот обрач од бездни и азури
не го изоструваат духот за злосторство
но ниту за лојалност.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)