Тогаш тој се обраќа до Трудовата инспекција, иако имаше одредени сознанија за корупција кај овој државен орган – а исходот „логично“ беше негативен!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бидејќи вакви теренски испитувања се значително ретки во нашата држава, покрај првичната цел поврзана стриктно со конкретниот судски спор кој е во центарот на нашата анализа, гледавме ова истражу- вање истовремено да го искористиме и за прибирање податоци „од прва рака“ во врска со [не]запознаеноста на работниците за низа, навидум стручни, а всушност секојдневни прашања со кои тие се среќаваат на работното место (на пример: дали знаат како се формира синдикат на ниво на работодавач?; дали се запознаени како тече процедурата за организирање штрајк?; дали имаат информации за корупција кај трудовата инспекција? и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На пример, кога кај Авдиќ се влошува здравствената состојба со појава на „Discus hernia“ (болест во долниот дел на телото, попозната како крстоболка), нему – свесно, злонамерно и 104 тенденциозно – му е доделено ново понижувачко работно место за товарење и растоварање, сè со цел врз него да се изврши психичка и физичка тортура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)