за (предл.) - крај (имн.)

На ручекот во домот на Паскали, подготвен од неговата неуморната и пријатна сопруга, Французинката Луција, зготвен според француско и македонско мени, се пиеше македонско вино, а за крајот на ручекот Паскали отвори шише шампањско, кое било наменето да се пие по операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ќе прифатам сѐ што ќе правите, ќе одам каде ќе одите, но ќе ми дозволите за крај да ви ги покажам уште Теразие и Калемегдан.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој сепак ги чува за крајот своите крунски аргументи: - Вечното прашање што си го поставува човекот од пештерските прапочетоци, па сѐ до атомската ера е што се случува по неговата смрт?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не случајно на нишан на стратезите на комунистичките идеи беше апокалипсата, визијата од светите книги за крајот на човештвото, историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога градиш куќа, градбата се крева, гледаш како расте пред тебе, и знаеш, макар и по многу маки, за крајот, за покривот што ќе следи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И сега, за крајот на приказнава да биде ист како во филмот „Прити вуман“, таа цела ноќ плете скали од надвор на највисоката зграда во градов, за тој, победувајќи го стравот, да се искачи до нејзиниот балкон и да ја побара. За макар уште една недела, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А за крај, откако стариот младоженец на мелодијата „Секс бомб“ ќе игра како Пинк Пантер околу старата млада, седната на столче на средина на подиумот со прекрстени нозе и обесени бутинки обидувајќи се со вештачката вилица да ми ја слече жертерката, јас ќе спремам стриптиз, како Ким Бесинџер од „9 и пол недели“, и, на песната „Нека ти остане само шеширчето“, ќе ги збеснам сите! Ете, така ќе биде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
7. Кога го запознаваш Градот, имињата, спомениците и историјата остави ги за крај.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Најважното го оставив за крај: Ѓоко со години работи како шофер у ГСП, вози дупла двојка од Сарај до Аутокоманда и обратно, а Лиле работи у Стоковната куќа преку мост, на втори спрат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се плашеле, се тресел и Лозан Перуника со нив. Потоа заборавил што е тоа страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со скокотливи мравки во грлата, движења на топлина што измамува и ги распливнува трагичните мисли за крајот на животот, најстарите се погледнувале со надеж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Незаборавниот ден осамнал со неколку богомолски подвиткани кокичиња во присојот на источните манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа сѐ стивна. Екна одново звукот на сирената со сигналот за крај на узбуната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Размислував за причините, за крајот на земјата која ја претставував, во која ретко кој не веруваше, макар и нејзините жртви?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бузо не кажа која била причината што го натерала Едноокиот Полип на таква гнасна и нечесна акција; Ѓеле донекаде ја објасни причината зошто сите на бродот не се согласиле со капетанот и енергично се побуниле против неговата желба, но требаше повеќе и поубаво да ги објасни и расветли душата и срцето на тие луѓе; Васе доста лесно мина преку храброста и смелоста на оној што со маки ги раскинал јажињата и го ставил на коцка својот млад живот; Марко не го протолкува и не кажа ништо за крајот на приказната.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За крајот: во нашето училиште сите се трудат да не научат дека - ЗАГАДУВАЊЕТО на природната средина најдиректно го доведува во прашање и самиот процес на натамошната еволуција на ЧОВЕКОТ!!! ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Со веста за крајот на добрите односи помеѓу Тито и Сталин, се ближеше времето на крајот на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но едно утро, најпосле, од радиото дојде првата вест за крајот на козите. – Козите – ечеше енергичниот глас на спикерот – се заколнати непријателки на социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И кога, во чаршијата, од доверливи пријатели, дозна дека на реката што истекуваше од Езерото ќе се градат хидроцентрали, предвидувањата за крајот на патот на јагулите стануваше реалност, во него повторно се разбуди преселничкиот ген.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
7 И за крај на оваа искрена, добронамерна и етичка критика на плиткоста, возгордеаноста без покритие и карактерната расипаност на судиите, би го навеле брилијантниот пасус на Б.Паскал, 7.  An Historical Introduction to Western Constitutional Law – 1995, во превод на македонски како: Историски вовед во Западното уставно право; Табернакул; Скопје, 2010; стр. 93 и 95.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ете затоа, алчните судии, но и адвокатите – коишто, според зборовите на Махатма Ганди, се нивните „први братучеди“ и кои „попрво би ја продлабочиле кавгата, отколку што би ја решиле“, воопшто не ни гледаат работите да ги направат поразлични од она што сè.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Впрочем, тие со својата манифестирана бесчувствителност, со својата пасивност и со својот шематизиран и извештачен правен пристап, потајно и се залагаат за оваа status quo позиција – оти најчесто „тие ги одбираат овие професии не со цел да им помогнат на другите, туку да се збогатат“ (Ганди).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)