— Не те прашувам за жената, вели, те прашувам за месечината.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стрелал и пеел со персиски зборови за месечината и за бескрајноста на шумите под сребрената пајажина на светлоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од своето камено гнездо, колку куќа толку кула, без жени и без слуги но со белези што го покажуваат дури и умирањето на бигорот, Селџик-бег ја пречекал мулазимовата заповед со крвави очи и со пушка в раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)