Доста се поиздиши уште подлабоко: Митра ја фати за раменици, по кроце, полека ја исправи првин да седне, па потоа полека, лека, ја исправи простум и држејќи ја за мишките ја поведе кон горни крај.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Братучедите ги префаќаа за раце, за мишки, за рамена, ги влечеа, ќе почнеа и да ги туркаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Капетанот се сети на каде тргнала работата и на време го фати разбеснетиот терџоман за мишки од позади.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Нестор клисарот го пофати татковски за мишката, го потргна настрана за да го стави капакот на ковчегот и му рече успокојувајќи го: - Што можеш... Судбина... Да не дојде до полошо...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И Пенчо се смири пуштајќи ја да го држи со едната рака за мишката а со другата за црвената искрпена кошула.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Архангел Михаил оди во затвор. (Го фаќа Михајло за мишка. Доаѓа до Евто. Го фаќа. Евто се извлекува.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
„Си го прегазил потокот и си го сретнал.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)