По ова што стана вечерва, да чуе светот дека сум ти ја дал Симка без пари: подобро да го затворам дуќанот! Што е ред за мома, ќе платиш!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Празнично утро. Костадин е сам, и, токму после миењето, се брише со крпа).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Мајката Роса кога ѝ го отепале мажот не била постара отколку што сум сега јас, сѐ уште, и со пет моми, односно шест деца (едно си земал Господ), можела да најде маж за себе, ама сигурно не ќе нашла татко за момите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пуста стројница! Колку бргу, со какви зборови и со каква леснина го саштиса таа ресенскиот момок за момата, единствената ќерка на Попставревци...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)