за (предл.) - надоместок (имн.)

- Некако имам претчувство за надоместок од отсуство на татко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
б) Во делот на материјалната одговорност на работодавачот, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) е избришана експлицитната одредба којашто предвидуваше дека, доколку, во рок од 15 дена од конечноста на одлуката, работодавецот и работникот не се спогодат за надоместок на штетата, којашто му е предизвикана на работникот, тој има право – со тужба, да бара надомест на штетата пред надлежниот суд (чл. 112, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Парничните трошоци ги сочинуваат издатоците направени во текот или по повод на постапката, а тие ја опфаќаат и наградата на противничкиот адвокат, како и на другите лица на кои законот им признава такво право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наградата и другите трошоци на адвокатите се одмеруваат според тарифата за надоместок на трошоците на адвокатите (чл. 145 и чл. 149, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Министерот за правда донесува поблиски прописи за надоместоците на судиите- поротници (чл. 64, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога Советот избира судија- поротник во суд кој се наоѓа на подрачје на единица на локална самоуправа каде што 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ (чл. 46, ЗСС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судскиот совет на РМ, по предлог на седниците на основните и апелационите судови, со одлука го определува бројот на судиите поротници во секој суд (чл. 44, ст.2 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци ја опфаќаат и наградата на адвокатот и на другите лица на кои законот им признава право на награда.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наградата и другите трошоци на адвокатите се одмеруваат според тарифата за надоместок на трошоците на адвокатите (чл. 145, ст.2 и чл. 149, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)