Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Солуцијата може да претставува комбинација на автономија за населението свесно за својот посебен идентитет со економска слобода на поголема област и со слободен излез на Солун.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сепак, таквата балканска федерација, за нејзиното хармонично работење, ќе бара одреден степен на доверба меѓу сите балкански нации за што тие сепак даваат мали докази.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)