И така, ние добиците за оглави, наврламе тоа плачкуринките на ниј, и бегај долу Писокал; и ошче в зори си дојдоме дома.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги држи таа за оглавот, а земјата, мислиш се помрднува под неа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Профим го стега коњот за оглавот да не мрда; Царјанка ги шири рацете и им забранува на сестричките да истрчуваат пред коњот; по скалите трча Профимица со капчето в раце за да му го стави на Скрче; но сликарот чкрапнал, та сè е фатено во една подготовка за сликање; петта фотографија: пак Профим, жена му Профимица и синот Скрче, но сега малку потпорастен; во рацете држи свеќа; зад нив е црквата, околу нив гробиштата, расцутен јоргован, неколку деца што се бркаат со запалени свеќи в раце за да си ги потпалат косите; некое дете во мигот на чкрапањето е фатено одзади каде што им се исмејува со издолжен јазик; шеста фотографија: фотографијата е направена во сликарско ателје во градот: на стол седи Профимица, в скут го држи Скрче во морнарски алишта, до неа седи Профим, потпрен со раката на нејзиното рамо и облечен во градски алишта што му ги позајмил сликарот за сликање; зад нив кулиса што претставува богата градска одаја, украсена со слики, голем ѕиден саат, на ѕидот распнат персиски кавијор со лав чијашто глава со разината уста се наѕира меѓу Профим и Профимица; на Скрче главата му е помрдната при сликањето и изгледа како да е двојна или како да се гледа низ матни очила; седма фотографија: сите деца заедно: Царјанка, Андромеда, Девица, Венера и Скрче; девојчињата држат во рацете китки цвеќиња, а Скрче мало кученце што не седи мирно; сликарот доближен до нив повеќе отколку што треба, не ги фатил сите убаво: Царјанка, која е на едниот крај од сликата, ја фатил половина, како пресечена од главата од петиците; уште тогаш Царјанка сакаше да ја скине сликата, но татко ѝ Профим не ја оставаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Методија попусто пушташе раце да го фати за оглавот, да го задржи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)