Стражата, со финансистите, го запреа Донета. Ги фатија коњите за огламниците и прашаа: - Што носиш, бре ѓаур28) во вреќите?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Co тие мисли Илко си ја фати маската за огламник и си ја поведе долу „Локовот Брег“, а невестата Доста си тргна по него како „даше“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Другиот ден Трајче стана порано. Ја извади ортомата од Самарчето, ја собра и го поведе Дорча за огламникот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
„Што велиш?“, го прашувам јас, бидејќи не го дослушувам додека тапкам пред животното фатен за оглавникот. „Пополека води ја маската“, повторува тој.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сиромав човек сум белки ќе земам некоја паричка да ја позакрпам сиромаштијата...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)