За поддржување, за опстојување, ни требаат луѓе токму, а не многу.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А јас ви реков: „Вистина е, се гордееме со вас пред сите Божји цркви, кажувајќи неуморно за вашата непоколебливост и за опстојувањето на вашата вера низ сите прогони и маки низ кои минувате.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Материјата како таква не е потребна за опстојување на една душа или битие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И сега кога, во слободата, по победата над фашизмот, требаше да се плати некаква цена, жртва за апсурдот – да се уништат козите, вековната основа за опстојување на луѓето од овие каменити предели и на непредвидливиот балкански релјеф.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неговиот извештај е непроценлив извор за опстојувањето на Македонците во Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тешко е да не ја глумиш оваа приучена префинетост, а да им се доближиш на оние кои само тоа успеале да го научат, но ти зависиш од нив и мораш да ги усвоиш истите норми што нивната реалност ги спроведе како закони за опстојување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)