Митра пак, ја намириса работата, та и таа почна како Доста и така „браче Трајко" стана предмет за освојување.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
-Тоа е вечната борба во умот на човекот, борба за освојување на умот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ниту пак, имаме намера да ги регистрираме латинските записи, различните патеписи или бројните хроники кои известуваат за освојувањата на градот, како ни сѐ она што е напишано по повод катастрофалниот земјотрес од 1963-та...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Париз ми се чинеше многу полесен за освојување одошто Лос Анџелес.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Двајцата со воодушевување раскажуваа за освојувањата на врвовите, за згодите и незгодите на тие заеднички патешествија .
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Доказ ми беше тоа што мајка ми само еднаш во нејзиниот живот имаше отидено во Лос Анџелес, службено пред две години на доделувањето на Оскарот, но затоа пак, секоја година по еднаш одеше во Париз.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мислата нагло му свртува
на друго: можеби, ако не ги делеше тие пари, ако ги дадеше за засилување на храната, ќе успееше да го направи оној нужен напор за освојување на последниот поен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)