Дали во моменти потајно не сакав да се случи нешто што ќе оневозможи да се реализира докрај мојата одлука за останување во Маказар?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Претстоеше за него релативен одмор во времето кога според договорот Татко требаше да реферира за останувањето во балканските јазици на безопасните турцизми како: 1. ајде, 2. јаваш, 3. кадија, 4. табиет и 5. милет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За останувањето на танец требало малку и инат зашто тапанот сѐ уште тупа, иако веќе е скинат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)