Се предаде разоружана и немоќна за отпор.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тука немаше место за отпор. Што ќе речеше стариот археолог, тоа и ќе бидеше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Помал отпор е кога човек те прашува едно а ти му одговараш друго, или буквално е поголем отпор? (Ние, ко сурфери, разбираш сме стручњаци за отпор, па оттаму заинтересираноста.)
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тоа била одмазда за отпорот од неа вечерта кога тој сакал да легне со неа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)