Слушнав домаќинот ѝ велеше на ќерка му, таа беше на возраст од околу четиринаесет години: Сите, утре рано да станете, ќе ја викнам тетка ти да меси леб за партизаните а тебе ќе те разбудам водата да ја згрееш.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Го исеав брашното и го прашав девојчето какво е брашното и таа ми одговори дека е ’ржано.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Го прашуваа за партизаните, за штабот, за претседателот на Месниот народен одбор, но тој спокојно им одговори: - За тие работи ништо не знам.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Измесив повеќе леб за да има за партизаните.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Нѐ распоредија кај селскиот одборник, а јадење немавме и легнавме гладни, а не знаевме ни колку ќе се задржиме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)