Питите ѝ одеа малку потешко. Ама со годините и времето научи да го стегне кр’нгот и в раце да го заигра сукалото под кое добро измесеното тесто се сучеа кори за пита со пресул, со праз, со кастици, со кромид и свинско пржено, пита со тиква, со урда и праз, со коприви, со корки мешани со урда и јајца... сучеше и кори за бурек плескан со по четири или пет кори со урда, сирење, бурек виткан окол-закул со сирење и кори за бурек - плетениот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Дојде времето кога Мајка повеќе немаше доволно брашно, не можеше да го меси тестото за макарони и за пити, па од него правеше некаква каша со која ја залажувавме гладта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Вечерта Томо беше задолжен за скарата, Рада за палачинките, а Јана за питата. Онаа истата по теркот на нејзината баба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)