Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
За повеќето врски, брачни и вонбрачни, знам и јас од приказните што се вртат во семејството, каде и јас сум туѓа, да речам дојдена, „кварљива“ категорија (сега си, утре не си), ама ова е институција, тука неговиот живот е заведен по датуми, со жени кои не се Н.Н., туку се со полно име и презиме.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
„Ако таа крава се омажила, тогаш има шанси и за нас“, се тешеа две девојки кои минуваа крај нив, со сосема пристоен изглед, но со оној едвај забележлив став на лажна надменост, карактеристичен за повеќето немажени а ’еманципирани’, на прагот на средовечноста.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)