И во што е, да се послужиме со уште еден пример, особената поента на ставањето на Џоан Крафорд во воведниот дел од елегијата за поколенијата мажи што ѝ подлегнале на сидата од Крег Г. Гарис, геј- поетот Црнец?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одбрав да се копа на моја земја, на мое место, тука над куќата, во некогашното мало лозјенце, но објавив дека ќе биде тоа сечиј бунар, дар за Маказар во најсушната година, вода за луѓето сега и за поколенијата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тогаш тој стоеше на палубата на бродот што заплови од Цезареја кон Рим, придружен од Аристарх од Солун и од Лука, лекарот кој постојано, под будните очи на римските војници, запишуваше сѐ што се случуваше, оти како и тој самиот веруваше дека мора да се пишува за да остане нешто за поколенијата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)