— Кој не слуша ќе го мрси вртомчето или ќе го крка дреновакот — беше неговото разбирање за правосудието.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во изборот на судиите, не можеше да се заобиколи и улогата на Министерството за правосудство, но, сепак, конечната одлука ја донесуваше Партијата која имаше своја ќелија во Судот...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И дури пашуваше тој по Мариово, ниеден селанец не стапна во турски уќумат да тужи некого. Сѐ што имаше — им судеше Толе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)