за (предл.) - предмет (имн.)

Ниту студент на квантна механика, инженерство (машинство), или математика не би поставил такво прашање; наставникот е таму каде што е, бидејќи знае за предметот повеќе од студентот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Интересирањето за предметот ќе ме оправда ако овде опширно и буквално ги наведам клучните места од Абеловата расправа (иако испуштајќи ги повеќето примери).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кај тие безочни луѓе, што расправаа за нејзината судбина и за судбината на нејзиното дете како за предмети, кои по секоја цена треба да се исфрлат од нивната куќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Имавме одредени сознанија за предметот и дека тој постои“, изјави за Дејли. „Не знаеме ништо повеќе од тоа.“28
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден додипломец на Универзитетот на Мичиген, кој подоцна и се запиша на предметот, првпат слушнал за него кога некој новинар од вестите на една локална телевизија му напикал микрофон в лице и го прашал што мисли за предметон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Не знаеме што тоа [г. Халперин] прави во училницата“, матно пререче Гери Глен, претседателот на мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности (АФА), но „нечуено е тоа што мичигенските даночни обврзници мораат да плаќаат за предмет чија отворена цел е да ’експериментира’со ’иницијација’ на млади луѓе во самоуништувачки хомосексуален стил на живеење“.21
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
‌Утредента, во вторникот, на 23 март 2000 година, Сандеј стар обзервер (ССО), најпопуларниот геј- весник во Сиднеј, објави жесток уводник за предметот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во средниот ред, најназад - Бургошки Бранислав, незаинтересиран за предметите, туку за некакви романи што ги чита скришум и на час.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
ж) договор за вработување за вршење работи во странство, но само за ограничен период (чл. 249, ЗРО/05) – каде што, паралелно, се применуваат и странските прописи согласно меѓународното приватно право; з) посебен договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на одредени ствари (пр. машини); потоа, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа (пр. културно-уметнички работи и сл.) – чл. 252, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помош во овој спор, со цел склучување спогодба, дава помирувач. 2) Индивидуален спор (чл. 29-36, ЗМРРС) – овој спор настанува само и исклучиво во следниве два случаја: (а) по повод откажување на договор за вработување и (б) при неисплата на најниската плата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова значи дека вонсудската постапка станува примарна, а судската – секундарна!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како странки во овој спор се сметаат работникот и работодавачот. Лицето кое одлучува за предметот кај овој тип спорови се нарекува арбитер. 13
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секој суд, во текот на целата постапка, по службена должност внимава на својата стварна надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако е одржано подготвително рочиште или, ако тоа не е одржано, откако тужениот на првото рочиште за главната расправа се впуштил во расправање за главната работа, судот што ја започнал постапката не може ни по приговор ни по службена должност да се огласи за ненадлежен за предмети од надлежноста на друг суд од ист степен (чл. 16, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арбитерот донесува решение [а не пресуда] за предметот на спорот, во рок од 30 дена од денот на отворањето на расправата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)