Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не го гледаше небото залепено за прозорецот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И над машкиот кат, и над женскиот има две дупки на ѕидот кои служат за прозорци, но, се разбира без стакло и толку малечки, што одвај може човек глава да појави преку нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)