Да, одиме на Нови Години во ресторани, фрламе пари за прослави по кафичи и таму јадиме мезе кое го спремила женската на келнерот, се пијаниме ко гојда, а на полноќ палиме петарди како недоветни.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Така Сатурн Волшебникот следната сабота дојде во санаториумот за душевно болни, со циркуското камионче подготвено за прослава заради враќањето на Марија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како и да е, раководителот најмногу го интересираше како Сатурн дознал за сместувањето на својата сопруга.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Абре, за прослава зборувам!“, му велам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)