ФИДАН: (Донесува тава со грав). Ајде, да вечераме!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Да го суредиш! Ене ти го Уредот. Тој е за работници. Што не го носиш таму?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Се пишуваше за работникот кој станува во рани зори, и кој, според духот на народната уметност – пресреќен заминува во фабриката за да го даде својот труд, себеси да се даде за – општо добро, се пишуваа оди и фалбоспеви, итн., итн.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Со оваа одредба која несомнено е позитивна за работниците е предвидено дека Државниот здравствен и санитарен инспекторат задолжително ќе изврши контрола за тоа дали одредбите од овој закон се применуваат од страна на работодавачите. (чл. 2 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Глобата од 200 до 500 ЕУР за работниците кои нема да пријават промена на податоците запишани во евиденцијата за вработените работници, односно невработените лица, по пат на изјава ќе дадат неточни податоци или заминат на работа во странство, а по враќањето во пропишаниот рок нема да се пријават во АВРМ, беше намалена на износ од 300 до 330 ЕУР (чл. 4 од ЗИЗЕОТ/11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Доколку постои можност пренесувањето да предизвика сериозни потешкотии за работниците, тогаш задолжителната консултација со синдикатите може да се ограничи, доколку за ваквата работа се одлучува на арбитража (чл. 68-б, ЗРО/05 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Обврската за исплата на бруто-плата, наместо исплата на штета, беше воведена и во случај кога има правосилна судска одлука во корист на работникот, а за работникот не е прифатливо да остане во работен однос кај работодавачот (чл. 4 од ЗИДЗРО/јан.12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Покрај тоа, при постојното темпо на секое-годишно намалување на работничките права, ваквите брошури и прирачници доста брзо стануваат застарени и неупотребливи за работниците, кои повеќе не можат да се повикуваат на одредено право, бидејќи тоа право во меѓувреме законски престанале да го уживаат.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Извесни подобрувања на положбата на работниците имаше во овие сегменти: полното работно време од 42 се скрати на 40 часа неделно; максималното траење на прекувремената работа de iure се скрати од десет на осум часа неделно и се утврди на 190 часа годишно; воведени се низа т.н. „антидискриминаторски одредби“; воведена е и општа забрана на ноќната работа за малолетните работници и за работниците над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи, а беше предвидена и можноста, работниците на кои не им се исплатени плати и придонеси три месеци едноподруго – да иницираат (стечајна) постапка за престанок на правното лице во кое работат.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2. Во поглед, пак, на работната книшка, со донесувањето на ЗРО (1993) се избришаа две мошне добри одредби: прво – веќе не се предвидуваше изречната забрана дека во работната книшка не е дозволено да се внесуваат негативни податоци за работникот (чл. 49, ЗРО/90); и, второ – беше избришана одредбата која предвидуваше дека, при предавањето на работната книшка на работодавецот, овој е должен на работникот да му издаде писмена потврда за приемот (чл. 50, ЗРО/90) – што подоцна, во праксата, се покажа како плодна почва за разни манипулации и уцени врз работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Петнаесет години по- доцна, со измената и дополнување на ЗРО (2005) од август 2008 година, целата глава од Законот што се однесуваше на „работничката книшка“ беше изоставена (чл. 22, ЗИДЗРО/авг.08) – па оваа јавна исправа, која содржеше општи податоци за работникот, за неговата стручна подготовка, за вработувањата и др. – а којашто, во праксата, служеше 14 за докажување на факти при остварување на некои права – престана да се издава и да постои.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кај оваа формулација треба особено да се нагласи дека наместо работни денови, се бројат сите денови, што е значително понеповолна ситуација за работниците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Посебно важна е одредбата според која инспекторот на трудот е должен да го земе во постапка секое барање на работникот за извршување инспекциски надзор кај соодветниот работодавец и одредбата според која податоците за работникот кој ја поднел пријавата за сторените повреди на прописите претставуваат службена тајна.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Една година подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), онаа од октомври 2009, овој став конечно ја доби својата финална верзија, којашто пропишува дека работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава (образец М1/М2) за работникот во задолжителното социјално осигурување, во согласност со посебните прописи – во АВРМ, пред работникот да стапи на работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најпрво, со цел постигнување воедначен пристап при интервјуата кои допрва следуваа, беше направен интерен работен прашалник којшто, главно, опфаќа две групи прашања (демографски податоци за работникот и правни податоци за спорот) – кои, пак, понатаму беа класифицирани на неколку подгрупи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дел од приказната на Костадиновска е и начинот на приватизација на фирмата,2 нешто после што многу работи почнуваат да се одвиваат во непожелна насока за работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во текот на 90-тите години фирмата се приватизираше и оттогаш е во приватна сопственост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претходно беше во склоп на градежно занаетчиската работна организација „Младост“ од Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот може да ги отстрани од процесот на работа само оние работници кои со своето однесување поттикнуваат насилничко и недемократско однесување, со што се оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)