Го оживувам сеќавањето на секоја приказна од мојот живот без вина и каење, зошто нема за што да се жали, на крајот ќе ни биде мило што излегло како што е, тоа е вистината вредна за раскажување, јас сум единствен сведок на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Па нешто конкретно да се случи и потоа од Карпош па до Аеродром да си пишува колку сака, ако има за раскажување, па сите да видат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Биографиите се наредени по абецеден ред во рамките на еден материјал кој полека се надоградува, а податоците непрекинато се акумилираат и создаваат еден дискурзивен, отворен и незавршен есеј за природата на СНН и, бидејќи набрзо станува очигледно дека податоците во голема мера се филмски, тие исто така даваат материјал и за есеј за природата на филмската уметност и филмските конвенции, за раскажувањето и за други нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Импулсот за раскажување на страдањето е средишен мотив за наоѓањето на гласот низ, со кој повторно се зема во поседување и се обновува чувството за конкретност на личното искуство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така францускиот филозоф Alan Finkeilkraut својот “фикционер”, Petit fictionnaire illustre, го означува како остава за оние зборови кои се само поттик, “предтекст за раскажување”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Измислените и завиени рани ја артикулираат психо-физичката болка.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)