за (предл.) - религија (имн.)

Ататурк во своите историски дилеми сакаше бекташизмот да го прогласи за религија на државата, но подоцна се премисли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
После овие доживувања, до крајот на животот останал со уверување дека хемиските средства можат да предизвикаат мистични состојби на свеста и побогат духовен живот, што делумно може да се сфати и како израз на неговата личност, длабоко заинтересирана за религија и мистицизам, особено пред крајот на животот, кога и експериментирал со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така би и со една книга од татковата библиотека, која не беше групирана, како другите од кои подоцна синот-наратор ги извлекуваше глобалните метафори (од книгите за козите, за јагулите, за јаничарите, за кадиските записи - сиџилиите, за јазиците, за религиите), туку таа беше во ракопис, составена од многу веќе пожолтени листови, безброј записи, како делови на еден незавршен книжен мозаик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Насетуваше дека повеќе губи, отколку што мислеше дека ќе добие во разговорот за религијата и комунизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога нив ги прочита Лордот Џон Гордон Бајрон, пред да замине во неговата славна балканска одисеја, беше начисто за религијата на Албанците …
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога А.А. го спомна опиумот, тој постојано вперуван куршум кон религијата, не можев а да не реагирам: - Вистина е дека Маркс во делото Критика на филозофијата на Хегел во 1844 година, уште во својата младост ја изрекува мислата – за религијата како опиум на народот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неговото постоење почива врз фундаменталните ставови за религијата на Енгелс, Маркс, Ленин и посебно на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го водите литературниот кружок, ја собирате младата интелигенција, држите предавања за религија, револуција, местото на уметникот денес, вам капата долу.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)