Сите дела посветени на историјата на писмото оставаат место за проблемот на воведувањето на фонетското писмо во културите кои дотогаш не го употребувале.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според тоа, во сите хипотези, математичкиот симболизам е плод на една секундарна елаборација, која претходно ја претпоставува употребата на дискурсот и можноста за сфаќање на експлицитните конвенции.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Навистина, во строга смисла, можно е да се дешифрираат непознатите знаци, но ова секогаш претпоставува едно стекнато знаење, една мисла која веќе е формирана по пат на употребата на зборовите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Потоа, сосем едноставно и разбирливо за сфаќањето на зениците, без лутење без отпор, без несебичност, светкавиот челик до дршка се забуца во износената ленена кошула.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)